„Аџибадем Систина“ до сега има направено околу 200 молекуларни тестови, од кои 4 се позитивни

1,413

Во денешниот официјален извештај за состојбата со епидемијата со ковид-19, прв пат во бројот на извршени тестирања се спомнува и приватната клиничка болница „Аџибадем Систина“, при што се вели дека со ПЦР тестови во оваа здравствена институција се утврдени два позитивни случаја.

Како што е познато, „Аџибадем Систина“ веќе подолго време спроведува и тестирања со т.н. брзи, серолошки тестови, со кои се утврдува присуство на антитела во крвта на пациентите. Помалку е познато дека болницата изведува и тестирања со молекуларни, ПЦР тестови.






– Нашата лабораторија е опремена со врвна опрема и ние од почетокот на кризата кажуваме дека „Аџибадем Систина“ врши тестирања со молекуларни тестови, но за свои пациенти, за кои има и обврска според протоколите. Од почетокот на кризата со коронавирусот до сега се извршени околу 200 ПЦР тестирања, а утврдени се 4 позитивни пациенти. Претпоставуваме дека останатите двајца позитивни веќе се регистрирани во досегашните официјални статистики, без оглед што не е кажано дека поттекнуваат од кај нас – велат од болницата.

Вообичаениот капацитет за спроведување молекуларни тестови во оваа клиника е 50 дневно, но тој може да се засили до 80 дневно.

– Освен што ги проверуваме позитивните наоди од серолошките тестови, во последно време постои и интерес за тестирање само со молекуларните тестови. Се трудиме да го задоволиме и тој интерес – велат од „Аџибадем Систина“.

Поврзани содржини