„АЏИБАДЕМ“ – ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ДЕЦА СО НЕВРОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА Д-р Озек успешно одвоил сијамски близнаци по 27-часовна операција

Во „Аџибадем“, тим за детска неврохирургија предводен од професорот Мемет Озек е фокусиран исклучиво на дијагноза и третман на педијатриски пациенти.

419

Операцијата на мозокот е полна со предизвици и бара многу вештина, прецизност и искуство. Сепак, тоа претставува уште поголем предизвик кај педијатриските пациенти, каде што сè е многу поделикатно и поскапоцено. Покрај тоа, детската неврохирургија е уникатна специјалност, а само ограничен број неврохирурзи се фокусираат исклучиво на лекување деца ширум светот. Во „Аџибадем“, тим за детска неврохирургија предводен од професорот Мемет Озек е фокусиран исклучиво на дијагноза и третман на педијатриски пациенти. Тоа е причината зошто „Аџибадем“ одговара на обемните барања од пациентите во врска со детската неврохирургија ширум светот.

Светски познат е Центарот за детска неврохирургија „Аџибадем“






Во рамките на Здравствената групација „Аџибадем“ функционира еден од светски познатите оддели за детска неврохирургија, што се препознава по долгогодишното искуство, префинети вештини и напредни третмани кои нудат надеж за децата и за семејствата ширум светот.

Во „Аџибадем“, целиот процес прецизно се планира, изведува и надгледува од мултидисциплинарен тим, од дијагноза до лекување. Во зависност од заболувањето кај пациентот, специјалисти од различни области, вклучувајќи детска хирургија, ортопедија, детска неврологија, детска онкологија, радио-онкологија, неврорадиологија и физиотерапија, соработуваат под раководство на Одделот за детска неврохирургија за да ја осмислат најоптималната стратегија на лекување за секој пациент.

Одделот за детска неврохирургија „Аџибадем“ секоја година успешно изведува операции на 600 доенчиња, бебиња и деца од целиот свет.

Состојби што се третираат

Болницата обезбедува сеопфатни услуги за детска неврохирургија, кои се движат од лекување епилепсија и олеснување на церебрална парализа до лекување на тумори на мозокот и решавање на вродени малформации, меѓу другото.

Туморите на мозокот се најчестите солидни тумори кај децата. Операцијата често се користи како примарен третман и нуди најдобри шанси за лекување доколку туморот може целосно да се отстрани од черепот. Успешна ресекција на туморот значително влијае на веројатноста за излекување и стапката на преживување кај детето, а истовремено ја зголемува ефикасноста на наредните третмани. Дополнително, во некои случаи плановите за лекување може да опфаќаат терапија со зрачење, радиохирургија и хемотерапија.

Церебралната парализа е невролошко заболување кое влијае на движењето на телото и координацијата на мускулите. Операцијата Селективна дорзална ризотомија (СДР) доведува до подобрување на движењето кај многу деца кои страдаат од спастицитет. Оваа операција подразбира сечење на дел од дорзалните корени на ‘рбетните нерви за да се ослободи ‘рбетниот столб и да се намали високиот тонус на мускулите. Тимот за детска неврохирургија „Аџибадем“ врши операција СДР повеќе од 30 години, од која полза имаат над 1.100 деца досега.

Епилепсијата предизвикува неиспровоцирани напади и значително го намалува квалитетот на животот кај децата. Почетниот третман за епилепсија вообичаено опфаќа користење на лекови насочени кон спречување напади. Сепак, приближно 1 од 4 деца доживуваат епилепсија отпорна на лекови, поради што операцијата за епилепсија се разгледува како поволна опција за лекување.

Хидроцефалусот е состојба што се карактеризира со насобирање вишок цереброспинална течност во коморите на мозокот, што често доведува до зголемување на димензиите на главата. Во „Аџибадем“, тоа невролошко заболување се лекува со помош на ендоскопска процедура, што подразбира создавање мала дупка на дното на една од коморите за да се овозможи одлив на течности и да се намали притисокот. Во Турција, тимот за детска неврохирургија на „Аџибадем“ е пионер на оваа техника, при што професорот Мемет Озек ја извел првата ендоскопска операција на хидроцефалус во 1992 година. До денес, над 920 деца со хидроцефалус се успешно третирани со овој пристап.

Вреди да се напомене дека услугите што се нудат во „Аџибадем“ не се ограничени на горната листа и можат да се прошират многу повеќе. Некои предизвикувачки случаи ширум светот, исто така, се консултираат и упатуваат до тимот за детска неврохирургија „Аџибадем“. Сијамски близнаци од Камерун кои биле споени на колкот и ‘рбетот се само еден од тие случаи. Близнаците од раѓање ги делеле ‘рбетниот мозок, миеломенингоцела, ‘рбетните мембрани и сакрококцигеалната коска. Споените структури на близнаците биле одвоени една од друга со успешна 27-часовна процедура. Денес, овие слатки близнаци живеат како две физички независни бебиња без никакви функционални проблеми.

тимот на д-р Озек во „Аџибадем“

Кои технологии се користат?

Последователниот развој на здравствените технологии создаде нова ера во неврохирургијата. Напредните технологии што ги користат во болницата при невролошките операции вклучуваат:

– Интраоперативна МР е технологија која создава снимки од мозокот во реално време за време на операција во оперативната сала. Тоа им овозможува на хирурзите да пристапат кон поцелосно отстранување на некои тумори на мозокот лоцирани во близина на критичните структури длабоко во мозокот.

– Невроендоскопијата дава можност за изведување на операција со сè помалку и помали засеци. Може да го олесни побрзото закрепнување и остануваат помалку лузни.

– Невронавигацијата нуди многу прецизно наведување на хирурзите за време на операција, овозможувајќи ефикасен третман на состојби без оштетување на околното мозочно ткиво.

– Невромониторингот се користи за следење на нервите на пациентите во текот на операциите за да се избегне ризик од невролошки повреди.

Важноста на физикалната терапија за деца со невролошки состојби

Физичката терапија и рехабилитација е значајна компонента на детската неврохирургија, често пати потребна по операција за да се оптимизираат резултатите за децата со невролошки заболувања. Во „Аџибадем“ функционира посебно одделение за физикална терапија специјално прилагодено да им помогне на децата со невролошки состојби. Овој пристап фокусиран на пациентот е клучен за подобрување на резултатите од лекувањето. Одделението за физикална медицина и рехабилитација на Детска неврохирургија „Аџибадем“ нуди сеопфатен пристап кон невролошките состојби за максимално закрепнување на децата со различни дијагнози, вклучувајќи:
– Церебрална парализа

– Спина бифида

– Невромускулни заболувања

– Тумори на мозокот и ‘рбетниот мозок

– Трауми

– Абнормалности во одот (одење)

– Други мускулно-скелетни проблеми

– Хидроцефалус.

 

Болницата можете да ја контактирате на мејл [email protected] или на нивниот сајт https://acibadem.mk/

Поврзани содржини