„АЈДЕ ДА ДЕБАТИРАМЕ, ИМ ГО ДОЛЖИМЕ ТОА НА ГРАЃАНИТЕ“ Депостовски со повик до кандидатите за лидер на СДСМ

СДСМ е голема политичка партија, која во минатото секогаш ги движела процесите во општеството. Јавното соочување е нешто за што секогаш сме се залагале и за кое секогаш сме имале храброст да го бараме од нашите политички противници“, вели Депостовски во повикот до четворицата други кандидати.

261

Јован Депостовски упати покана до сите кандидати за претседател на СДСМ за организирање на јавни дебати.

„Тоа им го должиме и на членовите, но и на сите граѓани, кон кои и денес и во периодот по избор на нов претседател треба да продолжиме да им се обраќаме. Сите кандидати зборуваат за луѓето, за членството, за важноста на ‘теренот’. Затоа очекувам сите да ја прифатат оваа иницијатива и да излеземе пред луѓето со своите програми, предлози, ставови и одговори. СДСМ е голема политичка партија, која во минатото секогаш ги движела процесите во општеството. Јавното соочување е нешто за што секогаш сме се залагале и за кое секогаш сме имале храброст да го бараме од нашите политички противници“, вели Депостовски во повикот до четворицата други кандидати.






Тој потенцира дека треба повторно да почнат од нив самите, а со тоа да покажат дека имаат и програма и визија и идеи како СДСМ, но и Македонија да одат напред.

„Со јавната дебата ќе покажеме дека сме отворени и посветени на фер процес, во кој информацијата, можноста, идејата ќе дојде до што е можно поширок круг на наши членови, а не само до затворен круг на партиски структури. Процесот на избор на претседател на СДСМ е се освен прашање/право на затворен круг на луѓе. Дебатата мора да биде широка, а во изборот да вклучиме што е можно поголем број од нашите десетици илјади членови. Нашите членови, избирачи се значаен дел од македонската јавност и тоа не смее да се заборава. Подготвен сум да се прилагодам на потребите на останатите кандидати во однос на динамиката на реализирање на овие јавни дебати“, напиша Депостовски.

Поврзани содржини