ЈА БОДЕЛ СО НОЖ, ПА МУ СЕ СКРШИЛ, ЗЕЛ НОЖИЦИ, МУ СЕ ИЗВИТКАЛЕ… Обвинителството изнесе детали од грозоморното мајкоубиство во Богданци

Мајката и синот живееле во изнајмен стан, а расправијата настанала околу лекувањето на осомничениот.

95

Основното јавно обвинителство – Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци, осомничено дека на 11 јануари на свиреп начин ја лишило од живот својата мајка.

Како што информира Обвинителството, настанот се случил во стан во Богданци, каде што двајцата живееле под закуп. Според наводите, меѓу мајката и синот избила расправија околу лекувањето на осомничениот, по што тој зел нож од кујната и ѝ нанел повеќе убоди во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да ѝ задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел, со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала, се вели во соопштението на Обвинителството.






Поради постоење околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците, што треба да бидат испитани во текот на постапката, јавниот обвинител предложи на лицето да му биде определена мерка притвор.

ЈА УБИЛ МАЈКА СИ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ, САМ СЕ ПРИЈАВИЛ Полицијата во Богданци уапси 39-годишник

Поврзани содржини