ЈА УБИЛ МАЈКА СИ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ, САМ СЕ ПРИЈАВИЛ Полицијата во Богданци уапси 39-годишник

Истрагата открила дека трагедијата се случила вечерта на 11 јануари, околу 21 часот, во станот каде што живееле заедно. Расправија меѓу мајката и синот прераснала во физичка пресметка, во која осомничениот ѝ нанел неколку убодни рани во пределот на главата. Од повредите жената починала на самото место. Следното утро, П.С. самиот дошол во полиција.