За Берлин е незамисливо ЕУ да даде зелено светло само за Тирана

523

 

За Германија е незамисливо да се даде зелено светло за преговори со ЕУ само за Албанија, а не и за Северна Македонија, вели германската амбасадорка во Скопје, Анке Холштајн.






– За решавачки насоки во процесот на проширување на ЕУ потребна е согласност од сите земји-членки. Исто како што преговарачката рамка може да биде само едногласно прифатена, датум за првата меѓувладина конференција ќе има само кога сите земји-членки ќе дадат согласност. За Германија не е замисливо само за Албанија да се даде зелено светло, а Северна Македонија да се остави. Северна Македонија веќе одамна ги исполни сите услови за започнување на пристапните преговори, нивниот почеток е заслужен и одамна задоцнет. Ова е исто така во интерес на веродостојноста на процесот на проширување и на веродостојноста на ЕУ во регионот – изјави германската амбасадорка Холштајн за „Слободен печат“.

Поврзани содржини