„Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?

„Госпожата“ фон дер Лајен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, по ѓаволите, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате.

0

Сериозно, не можам да разберам дали се навистина толку глупи, дали глумат толку глупави луѓе – а ако навистина толку добро глумат подобро да пристапат во таа професија во некој од националните театри – или нешто трето е проблемот. Зашто, упорно, со години, да верглаш една иста приказна која што нема врска со реалноста, наглава да ја извртуваш тезата за непризнавањето на идентитетот и јазикот и неофашистичката пропаганда на истоичниот сосед да ја префрлаш во канцелариите на еу (малите букви се…) во Брисел…, е веќе очигледен знак или за сериозни ментални проблеми или за нешто петто.

Или пак навистина решиле на дневна основа да ја практикуваат онаа малоумна „мисла“ на еден од нивните бивши коалициски партнери дека во политиката може да се манипулира со толкувањата? Ама тоа е шарлатанска изјава а не нешто што треба да се следи!






Згора, нивниот говор повеќе наликува на пелтечење, на мачење со прости и простопроширени реченици без точка, запирка, сврзник… подмет, прирок, додатоци… Како ли завршувале факултети овие луѓе?

„Госпожата“ фон дер Лајен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, по ѓаволите, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. Да одеа по нормалната рута, било преку Србија, Унгарија, Австрија… или Србија, Хрватска, Словенија, Германија…, според Гугл мепс, ќе стигнеа со кола за некои 22-23 часа (цирка 2.100 км.). Па дури и пешки ќе беа таму за 19 дена! Толку треба.

Или овде всушност станува збор за онаа фамозна Хелерова „квака 22“ со која што нашиве треба да се извадат чисти од онаа септичка јама во која што пропаднаа со Договорот за добрососедство, пријателство и соработка? Па сега ги праќаат идентитетот и јазикот со експрес линија во Брисел, без да преспијат во Софија? И ние треба да се фатиме на таа јадица?

И зарем сериозно мислат дека некого ќе прелажат со таа замена на тези, со глумење глупави и малоумни политиканти кои не знаат каде е проблемот? Или – не глумат?

Како и да е, етикетата за предавнички политики – а таа им е влепена не само од власта туку од преку 75% од македонските граѓани – тешко, поправо никако, не се брише со таква (сепак) проѕирна глума. И во тоа не помагаат ни директните прозивки на еу-амбасадорот во земјава, кој не наседнува на такви евтини едночинки. Едновремено, никој посуштински не ја дискредитира оваа и ваква политикантска секта од она што тие самите си го прават, на чело со унервозениот им „лидер“.

А останува нејасен и оној фамозен повик за помош и прашањето: кој воопшто ги овластил во име на државата и граѓаните да бараат таква помош? И на каква помош се мисли? Онаква како она скандалозно видео јавување на Шолц кој ни кажуваше за кого да гласаме? Таква „помош“ може да си бараат сектата и нивниот „лидер“ избран со 9.000 гласови, но само за себе! Или бараат помош како проверена внатрешна продолжена рака односно адвокатска канцеларија на убиствените политики на еу кон Македонија, зашто поинаку не може да се разбере нивното „објаснување“ дека обвинувањата кон нив едновремено се и обвинувања кон еу? Таквите самоидентификации не можат друго да значат!

Но глупоста оди дотаму што во истовреме го забораваат бројот на граѓаните кои гласаа против нив и таквите политики на еу, како и соодносот во освоените гласови. Или некој треба да им ги нацрта и резултатите од анкетите во последниве две години?

Оттука, онаквите веќе дегутантно недоветни обраќања за заштита, помош и слични будалаштини само ја потврдуваат тезата дека таа булумента собрана околу некакви „еу политики“ е целосно загубена во некои лични политикантски фантазии, неспособна да ги согледа сите национални ризици зад тие чекори. Впрочем, таканаречената „квака 22“ не е ништо друго туку само извонредно смислен самоубиствен потег во којшто Македонија е така упорно туркана. Без предвидливи следни чекори, без каква и да е помош токму од таа еу во надминувањето на невозможните диктати од една нејзина членка.

И конечно, дали плачливите повици за некаква заштита и помош, во некоја подалечна иднина кога оваа и ваква секта – не дај боже – би дошла на власт, со земјава ќе управува токму онаа еу (малите букви се реален одраз на нејзините политички потенцијали!)? Зашто, ако овие се сега неспособни да проценат што е правилно за земјата, зарем тоа ќе го знаат утре? И секојдневно ли би трчкале до Брисел по инструкции? Впрочем, во многу нешта оние срамни седум години 2017-2024 беа, меѓу другото, и тоа: провинциска сервилност, фрапантна неукост, сурова коруптивност и невиден криминал.

И на сето тоа таа нивна еу – молчеше!

П.С.

Ама ако еу-амбасадорот молчи, не молчи и француската амбасада. Само што нивното јавно обраќање е уште еден скандалозен, неморален чин на лицемерие. Тоа што нивните бесрамни уцени кон Македонија низ „францускиот предлог“ и другите „политики“ и кои македонскиите граѓани речиси едниодушно ги отфрлија не е „составен дел од демократскиот живот на една нација“ зашто во „францускиот предлог“ нема ништо демократско. Ни цивилизирано. Но има неоимперијалистички рецидиви кои ни една Франција – една од колевките на европската демократија – не успева да ги остави во минатото.

Згора, ни држи лекции дека некој овде со „својот живот ги платија одбраната на мирот и ослободувањето на територијата на она што подоцна стана Република Северна Македонија“ (sic!). Па не ли ви е срам, барем малку?

Vae victis!

Извор: Теодосиевски уметност

Поврзани содржини