НАСКОРО ЌЕ СЕ ОТКРИЕ РЕШЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК Премиерот најави дека ќе биде иновативно и со многу привилегии

0

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека има решение за студентскиот оброк и дека наскоро тоа ќе биде презентирано во јавноста.

– Решението е јасно, решението е на маса. Сега гледаме како тоа да го операционализираме заедно со Генералниот секретаријат, Министерството за дигитална трансформација и се разбира со Министерството за образование и наука. Мислам дека сме на добар пат и тоа што ќе го креираме овој пат е навистина нешто иновативно. Нешто кое што ќе им помогне на студентите да се стекнат со поголеми права во споредба со тоа што денес го имаат и поголеми привилегии, многу поголеми од тоа што денес ги имаат. Така што кога ќе имаме конечен производ, а се очекува многу скоро од денеска, ќе ги поканиме студентите и медиумите, сето тоа да ѝ го презентираме на јавноста – рече Мицкоски.






Поврзани содржини