ШЕТАЛЕ СО ФАНТОМКИ И СО ПАЛКИ СРЕДЕ КУМАНОВО Полицијата ја пронајде групата

Поголема група млади лица била забележана во центарот на градот по полноќ. Полицијата им ги одзела фантомките и дрвените палки.

0

Група млади лица со фантомки и со дрвени палки се движела низ центарот на Куманово. Случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Куманово во 00:12 часот.

„Лицата биле пронајдени, а предметите им биле одземени. Тие ќе бидат повикани во полициска станица, каде што со нив ќе се изврши службен разговор. По консултација со јавен обвинител, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Поврзани содржини