ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПАДНА НА ТРИМЕСЕЧНО НАЈНИСКО НИВО Преговорите за крај на војната во Ирак ги подобрија очекувањата на инвеститорите

Цената на суровата нафта „брент“ овој месец се намали за 23,6%, додека кај ВТИ нафтата падот е од 21,9%.

4

Цената на суровата нафта утрово падна на тримесечно ниско ниво, бидејќи знаците за обновени дипломатски напори за ставање крај на конфликтот меѓу САД и Иран влијаеја на пазарот.

Утрово нафтата од типот „брент“ се продава по цена од 88,3 долари за барел, додека цената а американската сурова нафта од типот WTI се движи околу 79,6 – 79,7 долари за барел.






Цената на суровата нафта „брент“ овој месец се намали за 23,6%, додека кај ВТИ нафтата падот е од 21,9%.

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс наводно разговарал со премиерот на Катар во врска со потенцијалните преговори со Техеран.

Претседателот на САД  Доналд Трамп, исто така, ги одложи понатамошните напади врз Иран по среднорочните избори во САД, иако предупреди дека воените дејствија би можеле да продолжат по Нова година ако преговорите не успеат. Сепак, значајни несогласувања меѓу двете страни продолжуваат, при што Иран бара отстранување на поморската блокада и санкциите на САД пред целосно повторно отворање на Ормутскиот теснец.

Во меѓувреме, испораките на сурова нафта преку водниот пат се ослабени овој месец, при што податоците на Kpler укажуваат на просечен проток од околу 9,5 милиони барели дневно до 19 ноември, што е намалување од 12,2 милиони барели дневно во октомври.

Поврзани содржини