ХУАНГ СЕ ВРАЌА НА ЧЕЛО НА ЕНВИДИЈА Акциите веднаш пораснаа за 30%
Компанијата, врз основа на добиените информации, заклучи дека неговото назначување не претставува закана за националната безбедност.
Џенсен Хуанг се враќа на чело на Енвидија (Nvidia), американскиот технолошки гигант кој произведува чипови за вештачка интелигенција. Компанијата објави дека е повторно назначен за претседател, главен извршен директор и член на одборот на директори.
По оваа вест, акциите на Еенвидија пораснаа за повеќе од 30%.
Враќањето на Хуанг доаѓа само 11 дена откако тој поднесе оставка поради скандал поврзан со наводни вонбрачни афери, вклучително и една со жена за која се сомнева дека соработува со кинеската разузнавачка служба.
Менаџментот на Енвидија објави дека разговарал со високи претставници на американската администрација пред да донесе одлука за враќањето на Хуанг. Врз основа на добиените информации, компанијата заклучи дека неговото назначување не претставува закана за националната безбедност.
-Врз основа на информациите добиени од високи претставници на американската влада, одборот на директори е уверен дека враќањето на Хуанг не претставува ризик за националната безбедност. Одборот на директори верува дека Џенсен е вистинската личност да ја води Енвидија и дека неговото враќање е во најдобар интерес на нашите акционери, вработени, партнери и клиенти – рече претседателот на одборот на директори.
Одборот наведе дека одлуката е донесена по серија состаноци со Хуанг со заклучок дека неговото враќање не претставува ризик за националната безбедност.
Независната истрага за обидите за странско разузнавачко влијание останува отворена и Хуанг вети целосна соработка, а компанијата формираше и посебен Комитет за национална безбедност и контрола на извозот.
Враќањето на Џенсен Хуанг е проследено со строг корпоративен надзор, нови безбедносни тела и обврска за целосна соработка со тековните државни и внатрешни истраги.
По серија директни состаноци со Хуанг, управниот одбор оценил дека тој покажал доволна отвореност и подготвеност за да продолжи да ја води компанијата.
Хуанг дал цврста заложба дека целосно ќе соработува и со независната внатрешна истрага и со истрагите на американските владини институции.
На 1 декември 2026 година тој треба да сведочи зад затворени врати пред три комитети на Претставничкиот дом на САД. Формиран е постојан комитет за национална безбедност и контрола на извозот составен исклучиво од независни директори (под претседателство на Сузан Нора Џонсон, со членовите Стивен Нил и Џон Дабири).
Овој комитет ќе се состанува најмалку еднаш квартално и ќе ангажира надворешни правни и безбедносни експерти за надзор на трговските ризици и усогласеноста со извозните забрани.
Компанијата исто така соопшти дека започнала потрага по нов висок функционер кој ќе ја надгледува законската и регулаторната усогласеност на ниво на целата компанија и директно ќе одговара пред Комитетот за номинации и корпоративно управување, а не само пред извршниот директор.
„Чест ми е што се враќам во Nvidia и што ќе ја предводам една од најзначајните технолошки компании во светот, токму на почетокот на новата индустриска револуција. Особено сум благодарен на Харви Џонс за неговото раководење како претседател на Одборот, како и на Колет Крес и нашиот извршен тим за водењето на Nvidia во текот на овој период. Исто така, длабоко им благодарам на нашите вработени, акционери, лидери во индустријата и партнери ширум светот за нивната извонредна поддршка. Пред сè, благодарен сум за љубовта и поддршката од моето семејство. Едвај чекам да се вратам на работа“, изјави Хуанг во соопштението.
На 12 ноември, Хуанг ги напушти сите водечки позиции во компанијата што ја ко-основаше во 1993 година. Неговата оставка следеше по медиумските извештаи за две наводни вонбрачни афери.
Особено загрижувачка беше наводната врска со кинеска бизнисменка која американските разузнавачки служби ја поврзаа со кинеските разузнавачки активности. Нејзината наводна улога како шпион не е утврдена од страна на судот.
По оставката на Хуанг, финансиската директорка Колет Крес го презеде привременото управување со компанијата. Потоа менаџментот објави потрага по нов извршен директор.
За време на кризата, „Енвидија“ официјално потврди дека целосно ги запира продажбите на напредните H200 чипови во Кина, затворајќи ги претходните регулаторни дупки во американските санкции. Посебниот комитет на независни директори (поддржан од надворешни правни застапници) продолжува со работа сè до целосно расчистување на случајот со обидите за странско разузнавачко влијание врз Хуанг.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, јавно се залагаше за враќањето на Хуанг. На својата социјална мрежа Truth Social, тој рече дека повторното назначување би било најдоброто решение и за Енвидија и за САД.
„Се надевам дека одборот на директори на Енвидија повторно ќе го вработи џенсен Хуанг. Тоа би било најдобро за компанијата и најдобро за Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп.
Одлуката претставува голем пресврт од ставот што менаџментот на Енвидија го презентираше минатата недела. Потоа објави дека едногласно ја прифатил оставката на Хуанг и нема намера повторно да го назначи.
Хуанг, во меѓувреме, рече дека би му било чест да се врати на чело на компанијата доколку одборот на директори одлучи дека тоа е најдобро за нејзините вработени, акционери и бизнис.
Неговото враќање доаѓа во време кога Енвидија игра клучна улога во глобалниот развој на вештачката интелигенција. Нејзините чипови се користат во центрите за податоци и системите на најголемите технолошки компании во светот.