ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАДОМЕСТОК ЗА САМОСТОЈНИ УМЕТНИЦИ Пријавувањето е исклучиво по електронски пат

Право на учество имаат самостојните уметници кои ги исполнуваат условите и критериумите утврдени во конкурсот и во соодветниот правилник, информираат од Министерството за култура.

10

Министерството за култура и туризам соопшти дека е објавен конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2027 година, со кој се обезбедува поддршка за покривање на придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и данокот на личен доход.

Пријавувањето на конкурсот се врши исклучиво по електронски пат, преку Националниот портал за е-услуги https://uslugi.gov.mk






Конкурсот е отворен до 23 декември до 15 часот. Право на учество имаат самостојните уметници кои ги исполнуваат условите и критериумите утврдени во конкурсот и во соодветниот правилник, информираат од Министерството за култура.

Детални информации за условите за учество, критериумите и потребната документација се достапни на веб-страницата на Министерството: www.kultura.gov.mk.

Поврзани содржини