СТАСАА НОВИ 26.000 ДОЗИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП Околу 80.000 граѓани се пријавиле за вакцинација

0

Дополнителните над 26.000 дози вакцини против сезонски грип се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови во државата. Вакцина против сезонски грип заклучно со денеска примиле 28.035 граѓани, а преку електронската пријава „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Закажани се, наведуваат од Министерството, 54.778 термини, од кои 23.225 претстојат во наредниот период,






Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто. Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата на возраст од шест месеци до пет години, посочуваат од Министерството за здравство.

Граѓаните од ризичните групи се повикуваат да ја искористат вакцинацијата, а граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.

Поврзани содржини