📽️ ГИ ПРЕВРТЕ ОЧИТЕ, ГО ОБВИНИЈА ДЕКА Е „ЧОВЕК-ГУШТЕР“ Американски пратеник одговори на бизарните гласини

Снимката од прес-конференција во Њујорк предизвика лавина теории на социјалните мрежи. Џордан Рајт се повика на својата работа во парламентот како доказ за својата човечност.

0

Пратеникот во парламентот на американската сојузна држава Њујорк, Џордан Рајт, демантираше дека е „човек-гуштер“, откако снимка од неговото необично движење со очите стана вирална. Корисници на социјалните мрежи го претставуваа краткиот момент како наводен доказ дека политичарот е вонземјанин.

Камерите го снимиле 32-годишниот демократ во петокот, на 20 ноември, во градското собрание. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, го претставувал планот за затворање на затворскиот комплекс „Рајкерс Ајленд“.






Рајт кратко се насмевнал, трепнал и ги превртел очите нагоре, откривајќи ги речиси само белките. Снимката ја споделил и американскиот водител и теоретичар на заговори Алекс Џонс, чија објава собрала милиони прегледи.

– Очигледно сум човечко суштество – изјавил пратеникот за „Њујорк пост“.

 

Како пример за својата работа ги посочил обезбедените 4 милиони долари за центар за еколошка правда во Харлем. Истовремено признал дека не знае што точно се случувало во моментот фатен на снимката.

Демократот месецов повторно бил избран за претставник на 70. изборен округ. На општите избори немал противкандидат, откако во јуни победил на партиските предизбори.

Бизарната и измислена приказна за „луѓето-гуштери“ ја популаризирал британскиот автор и поранешен спортски новинар на Би-Би-Си, Дејвид Ајк. Според неговите фантастични тврдења, зад човечкиот изглед на светски лидери, членови на кралски семејства и познати личности се кријат влекачи што тајно управуваат со светот.

Меѓу личностите кои Ајк ги вклучувал во овие приказни била и британската кралица Елизабета Втора.

Поврзани содржини