НЕСОВЕСНИ СКОПЈАНИ ЈА ЗАТНУВААТ КАНАЛИЗАЦИЈАТА СО ОТПАД Екипи на „Водовод и канализација“ повторно вадат влажни марамчиња и пелени

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека несовесното фрлање отпад ја попречува работата на канализациската мрежа. Последната интервенција била на улицата „Методија Шаторов – Шарло“.

191

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје продолжуваат со теренски интервенции на повеќе локации низ градот, при што отстрануваат несоодветно одложен отпад од канализациската мрежа.

– Последиците од несовесното однесување се повторуваат. Една од интервенциите беше реализирана на улицата Методија Шаторов – Шарло во Општина Аеродром, каде што беше отстранет отпад што го попречуваше нормалното функционирање на канализацискиот систем – велат од претпријатието.






Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните да не ги користат канализациските шахти како места за одлагање отпад.

– Влажните марамчиња, пелените, хигиенските производи и другите отпадоци фрлајте ги во корпите за отпадоци, а не во канализацијата. Да бидеме совесни и одговорни – со малку внимание од секој од нас можеме да спречиме затнувања и да придонесеме за непречено функционирање на канализациската мрежа – порачуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Поврзани содржини