ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА БИЛА ПОД ХАКЕРСКИ НАПАД ПОВЕЌЕ ОД 10 ДЕНА Напаѓачите злоупотребиле АИ алатка

Постои сомневање дека напаѓачите дошле до лични податоци на вработените. Во Брисел е активиран кризен механизам. Денеска ЕК успеала да стави поголем дел од своите системи под контрола.

159

Европската комисија се соочила со голем хакерски напад, по кој работата на неколку внатрешни системи била нарушена повеќе од 10 дена. Напаѓачите користеле јавно достапна алатка со вештачка интелигенција, додека европските институции сè уште ги утврдуваат размерите на штетата.

Портпаролот на Европската комисија, Томас Рејниер, потврди дека Европската Унија била цел на кибер напад извршен со помош на вештачка интелигенција во октомври, нагласувајќи дека некои дигитални алатки на европските институции се уште се вон функција.






Според „Политико“, службата за сајбер-безбедност на европските институции, ЦЕРТ-ЕУ, открила дека меѓународни хакери ја злоупотребиле алатката АРТЕКС (ARTEX). Таа користи вештачка интелигенција за откривање слабости во информатичките системи.

Нападот ги погодил платформите што вработените ги користат за административни и финансиски потреби. Меѓу нив се „Сиспер“ (Sysper), системот за плати, годишни одмори и евиденција на работното време, и „МајПМО“ (MyPMO), преку кој се обработуваат барањата за надомест на медицински трошоци.

ЕУ го открила инцидентот на 22 октомври, по што властите започнале истрага и вовеле „превентивни мерки“.

Тие инциденти првпат ги објави порталот „Политико“. Според нив, нападот траел најмалку 10 дена и влијаел на алатките за превод и обработка на барањата за надомест, како и на базите на податоци што се користат за евиденција на плати и работно време. Рејниер не сакаше да ги потврди тие обвинувања.

Неколку апликации биле привремено исклучени од безбедносни причини. Повеќето биле вратени во функција на почетокот на неделава, но „Сиспер“ повторно имал краток прекин во средата, на 18 ноември. Проблеми биле забележани и во преведувачките служби на Комисијата.

Неименуван претставник на Европската Унија за „Политико“ изјавил дека институцијата успеала да го стави под контрола најголемиот дел од нападот.

– Комисијата верува дека го сузбила најголемиот дел од нападот, но целосните размери на штетата остануваат нејасни. Системите можеби се враќаат во функција, но одговорите доаѓаат малку побавно – изјавил претставникот.

Истражителите проверуваат дали хакерите успеале да пристапат до личните податоци на вработените. Според истиот извор, неизвесноста околу можната кражба е причината за ограниченото информирање на персоналот.

Европската комисија го свикала својот највисок внатрешен орган за управување со кризи, Одборот за корпоративно управување, на итен состанок поради сајбер-инцидентите.

Информацијата произлегува од внатрешна електронска пошта до која дошол „Политико“. Одделот за дигитални услуги истовремено наредил засилени безбедносни проверки.

Еврокомесарката за технологија Хена Виркунен ги информирала останатите членови на Комисијата за преземените мерки на состанокот на Колегиумот на комесари во средата.

Портпаролот на Европската комисија, Томас Рение, потврдил дека институцијата реагирала на откриената сајбер-кампања.

„Европската комисија ги презеде неопходните чекори како одговор на откриената сајбер-кампања. Беа таргетирани поединечни системи и, во согласност со нашата стандардна практика, ги известивме засегнатите лица“, соопштил Рение за „Политико“.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) на 13 ноември предупредило дека хакерски групи ја злоупотребуваат алатката АРТЕКС за автоматизирани напади врз организации во повеќе сектори. Според предупредувањето, алатката може значително да го забрза откривањето и искористувањето на безбедносните слабости.

Поврзани содржини