ВО АЛБАНИЈА ВРИЕ, РАМА ГАЃАН СО ЈАЈЦА, КРШЕНА ВРАТАТА ОД ПАРЛАМЕНТОТ! „Рама во затвор, Бериша во затвор, ви дојде крајот!“ – извикуваа демонстрантите

Група демонстранти биле позиционирани покрај патот по кој минувала премиерската придружба. Во моментот кога поминало возилото на Рама, тие фрлиле јајца кон него.

1

Инцидент го одбележа денешното движење на албанскиот премиер Еди Рама, откако група демонстранти го гаѓале со јајца возилото во кое се превезувал. По настанот, полицијата привела 12 активисти.

Инцидентот се случил утринава во областа Манза, додека Рама патувал кон Заливот Лалзи, каде што се одржува Националното собрание на Социјалистичката партија.






Група демонстранти биле позиционирани покрај патот по кој минувала премиерската придружба. Во моментот кога поминало возилото на Рама, тие фрлиле јајца кон него, изразувајќи го своето незадоволство од албанскиот премиер.

Според информациите на албанските медиуми, демонстрантите упатувале и пароли против Рама, меѓу кои и „Рама во затвор, Бериша во затвор“ и „Ви дојде крајот“.

По инцидентот интервенирала полицијата, која привела 12 активисти и ги спровела во полициска станица. Засега нема целосни информации за нивниот идентитет, ниту за конкретните обвиненија што би можеле да следуваат.

За време на денешниот протест во Тирана, двајца демонстранти се обидоа да ги скршат вратите на зградата на албанскиот Парламент – која се наоѓа спроти седиштето на Владата – користејќи метална шипка. Полицијата интервенираше и приведе неколку учесници.

Според „Еуроњуз Албанија“, демонстрантите удирале по вратите на зградата со метална шипка, а наводно биле фрлани и камења кон објектот. По инцидентот, полицијата постави кордон околу зградата и приведе неколку демонстранти.

За време на маршот, демонстрантите изнесоа контејнери за ѓубре на коловозот; на кружниот тек „Зогу и Зи“ (Zogu i Zi), запалија еден контејнер, што предизвика застој во сообраќајот.

Маршот продолжи долж обиколницата на Тирана, придружуван од полициски сили, а до 17:00 часот демонстрантите се собраа пред зградата на Владата.

Поврзани содржини