1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО НЕВРАБОТЕНИ Вкупната стапка на невработеност во Македонија изнесува 11,3%

Стапката на невработеност кај младите на возраст од 15 до 29 години во вториот квартал од 2026 година изнесувала 24 проценти.

0

Вкупно 1.026 магистри и 39 доктори на науки се евидентирани како невработени во Македонија, според податоците на Агенцијата за вработување, заклучно со 31 август 2026 година, објави Телма.

Според статистиката, од вкупниот број невработени магистри, 639 се мажи, а 387 се жени. Меѓу лицата со докторска титула кои се водат како невработени, 26 се мажи, а 13 се жени.






Во споредба со претходниот месец, евидентиран е благ пад на бројот на високообразовани лица кои бараат работа. Во јули биле регистрирани 1.068 невработени магистри и 40 доктори на науки, што значи дека во август бројот на магистри се намалил за 42, а на доктори на науки за едно лице.

Граѓаните со завршени постдипломски и докторски студии исто така се соочуваат со проблеми при вработувањето.

Стапката на невработеност кај младите на возраст од 15 до 29 години во вториот квартал од 2026 година изнесувала 24 проценти, додека вкупната стапка на невработеност во земјава била 11,3 проценти.

Бројките на Агенцијата за вработување се однесуваат на лицата кои се официјално пријавени во евиденцијата на невработени, а не на сите лица со вакво образование кои во моментот. немаат работа.

Поврзани содржини