„ФИЛИПЧЕ И СДСМ КАКО ДА НЕ СИ ЈА САКААТ ДРЖАВАТА“ Јаревски ја обвини опозицијата за политички бенефит на сметка на националните интереси

Пратеникот Јаревски упати критики до СДСМ за ставовите кон бугарските барања, европската интеграција и наводните српски влијанија во политичката кампања.

96

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, во гостувањето на „Канал 5“ ги критикуваше ставовите на СДСМ за бугарските барања и евроинтегративниот процес, обвинувајќи ја опозицијата дека ги става политичките интереси пред националните.

– Гледаме дека СДСМ и поголемиот дел од опозицијата се опседнати со некаков српски свет, со некакви српски влијанија, а тие им ја прават кампањата, пуштаат соопштенија во кои имаат српски печатни грешки. Уверен сум и верувам дека ќе има мирна транзиција на власта во Србија. Исто така, не верувам дека по промената на власта во Србија ќе го променат името, ниту верувам дека каква било власт таму ќе има толку катастрофални резултати какви што постигна СДСМ – рече Јаревски.






Јаревски се осврна и на ставовите на опозицијата во врска со бугарските барања и евроинтегративниот процес, посочувајќи ја потребата од почитување на волјата на граѓаните и заштита на националните интереси.

– До ден-денес не можеме да сфатиме како можат со таков нихилистички, самоубиствен став да одат против сопствената држава, како да не си ја сакаат државата. Ние велиме дека 82 отсто од граѓаните не се согласуваат со прашањето за кое рековме дека ќе направиме сè што можеме за да го образложиме, да најдеме начин да разговараме и да најдеме начин тоа да се надмине, а притоа да продолжиме по патот кон Европската Унија. Во меѓувреме, СДСМ упорно, на секоја прес-конференција, бара веднаш да се исполнат барањата на Бугарија. СДСМ досега покажа дека сака исклучиво да остварува политички бенефит на сметка на националните интереси – дециден е Јаревски.

Поврзани содржини