СКОПЈАНКА ФРЛИЛА ЗАПАЛИВА ТЕЧНОСТ ВО ФИРМАТА КАДЕ ШТО РАБОТЕЛА Ја искршила вратата, ѝ се заканувала на сопственичката
Скопјанка ѝ се заканувала на сопственичката на фирмата каде што претходно работела, ја искршила влезната врата од фирмата и внатре истурила запалива течност.
Скопјанка ѝ се заканувала на сопственичката на фирмата каде што претходно работела, ја искршила влезната врата од фирмата и внатре истурила запалива течност.
„Денеска, 26.10.2026 година, околу 8 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле службен разговор со А.В. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека упатувала закани по телефон на Ф.В.(36) од Скопје, сопственичка на фирмата во која порано работела и дека со употреба на физичка сила ја оштетила влезната врата од фирмата и внатре во објектот истурила запалива течност“, соопшти полицијата.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, се додава во соопштението.