ЛИТАР СУПЕР 95 ЧИНИ 91 ДЕНАР, ДИЗЕЛОТ 99 ДЕНАРИ Цената намалена за по 5 денари
Регулаторната комисија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на одлуката од 19.10.2026 година.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на одлуката од 19.10.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 8,120%, кај дизелот има зголемување за 0,404%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,074% и кај мазутот има зголемување од 2,060%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3292%.
Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
Од 27.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 91,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 93,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,273 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,694 ден/кг. и сега ќе изнесува 54,273 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.