БЕТОНСКИ ЛАВИРИНТ НАМЕСТО ХУМАН ЦЕНТАР Со Герасимовски потребите на жителите останаа во втор план

Господине Герасимовски, заедно со вашиот ментор Филипче, пред изборите ветувавте хуман Центар, а денес граѓаните гледаат бетонски лавиринт! Каде се зеленилото, паркинзите и конкретните решенија за подобар живот, прашува Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

112

 

Денеска сме на улицата Јордан Мијалков, пред уште еден пример за урбанизација што отвора прашање за хуманото живеење во Центар – згради оддалечени едвај неколку метри, недостиг од паркинг и речиси никакво зеленило, а на жителите им се одземаат просторот, приватноста и условите за достоинствен живот, рече Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.






– Господине Герасимовски, заедно со вашиот ментор Филипче, пред изборите ветувавте хуман Центар, а денес граѓаните гледаат бетонски лавиринт! Каде се зеленилото, паркинзите и конкретните решенија за подобар живот – праша Банов.

Не може урбанистичкиот развој да се мери само со нови згради, додека потребите на жителите остануваат во втор план, додаде тој.

– Бетон Герасимовски, време е да одговорите за резултатите од вашето раководење во Општина Центар. Кој ги штити граѓаните и нивниот квалитет на живот? Граѓаните на Центар заслужуваат општина во која ќе има простор за живеење, а не секој слободен метар да се претвора во бетон. Центар не е парцела за градење, туку дом на граѓаните. Ветувањата поминуваат, но последиците од лошото урбанистичко планирање остануваат со години – рече Банов.

 

Поврзани содржини