ТОВАРЕН ВАГОН ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ, 7 ЦИСТЕРНИ СЕ ЗАПАЛИЈА Железничка несреќа во близина на Екатеринбург
Засега не е официјално соопштено што превезувале цистерните. Надлежните служби ги утврдуваат причините и околностите на несреќата.
Товарен воз ноќеска излета од шините во руската Свердловска област, при што се запалија седум цистерни. Во несреќата нема повредени, соопшти регионалното Министерство за вонредни ситуации.
Несреќата се случила на железничкиот дел меѓу Макарцево и Седелниково, на линијата Решети – Арамил, во близина на Екатеринбург. Според податоците на Свердловската железница, инцидентот се случил околу 1:30 часот по локално време на 26 октомври.
Од шините излетале вкупно 20 вагони, а пожарот зафатил седум цистерни. Пожарникарите успеале да го локализираат огнот на површина од 1.500 квадратни метри.
Претходно, запалените вагони биле одвоени од остатокот на композицијата. Со помош на специјален воз за расчистување и поправка на железничката инфраструктура, 54 вагони што не биле зафатени од пожарот биле повлечени на безбедно растојание.
Во интервенцијата биле ангажирани 106 лица и 31 возило, од кои 58 пожарникари и 20 возила биле од руското Министерство за вонредни ситуации.
Железничкиот сообраќај на делницата бил прекинат откако излетувањето на вагоните го попречило и соседниот колосек. Според железницата, на оваа делница не сообраќаат патнички возови, па инцидентот не предизвикал прекин на патничкиот превоз на таа линија.
Засега не е официјално соопштено што превезувале цистерните. Надлежните служби ги утврдуваат причините и околностите на несреќата.