ИРАН БАРА ОД ГРАЃАНИТЕ ДА ШТЕДАТ ГАС За секоја заштеда ќе добијат и парична награда
Иако е еден од главните производители на природен гас, Иран долго време се соочува со недостиг на оваа енергија, неопходна за греење на домаќинствата. состојбата се вложи по интензивните напади на САД и Израел во првите 40 дена од конфликтот.
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф, повика на спроведување национална кампања за намалување на потрошувачката на природен гас за најмалку 10%, поради очекуваниот недостиг во текот на претстојната зима.
– За да се надмине претстојната зима, неопходен е заеднички напор на ниво на целата земја за да се намали потрошувачката на гас за најмалку 10 проценти – рече Калибаф во видео порака што ја објавија иранските медиуми.
Иако е еден од главните производители на природен гас, Иран долго време се соочува со недостиг на оваа енергија, неопходна за греење на домаќинствата.
Калибаф, исто така, најави парична компензација за граѓаните кои ја намалуваат потрошувачката.
– Секој што ќе заштеди гас, без оглед на износот, ќе добие соодветна сума пари директно на својата банкарска сметка, што ќе им овозможи на сите да го видат конкретното влијание на тие заштеди врз буџетот на домаќинствата – рече тој.
Недостатоците се дополнително влошени од конфликтот на Иран со САД и Израел, кој започна во февруари.
Според извештаите од Техеран, за време на најинтензивната фаза од борбите, која траеше речиси 40 дена, нападите ги погодија клучните ирански објекти, вклучувајќи ги и постројките за преработка на природен гас.