ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен одѕив на претседателските избори во Бугарија

До ЦИК до пладне пристигнале и 13 приговори, од кои четири за нарушување на процесот на гласање, а три за предизборна агитација.

113

До 12 часот, одѕивот на претседателските избори во Бугарија изнесува 5,8 проценти или на гласање излегле 385.092 гласачи, соопшти портпаролката на Централната изборна комисија, Стојанка Балова.

До ЦИК до пладне пристигнале и 13 приговори, од кои четири за нарушување на процесот на гласање, а три за предизборна агитација.






Пријавени се и проблеми од различна природа на вкупно 20 машини за гласање.

Избирачките места се отворија во 7 часот по локално време, а гласањето треба да заврши во 20 часот. Доколку пред избирачките места има граѓани кои чекаат да го остварат своето право на глас, изборниот ден може да биде продолжен најдоцна до 21 часот.

Право на гласање на претседателските избори имаат 6,59 милиони граѓани кои треба да изберат нов претседател и потпретседател на државата од рекордни 27 кандидатски двојки.

Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва по 20 часот, а официјалните резултати од првиот круг Централната изборна комисија (ЦИК) треба да ги објави до 27 октомври.

ПРВ КРУГ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА Учествуваат 27 кандидатски двојки

 

 

Поврзани содржини