🎥 УЛИЧНА ВОЈНА ВО ТИРАНА, КАМЕЊА ВРЗ ВЛАДИНИ ЗГРАДИ, ЗАПАЛЕНИ КОНТЕЈНЕРИ Полицијата одговори со воден топ и гумени куршуми
Албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно повика на дијалог, во пресрет на најавените протести на студентите и граѓаните во Тирана и во други албански градови.
Демонстранти денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а во текот на собирот пред тоа министерство беа запалени и контејнери.
Полицијата одговори со употреба на воден топ за да ги растера демонстрантите, а според некои албански медиуми, биле испукани и гумени куршуми врз топлата. .
Симпатизерите на албанската Демократска партија претходно ги запалија столчињата што албанскиот премиер Еди Рама ги постави пред зградата на албанската Влада како покана до студентите за дијалог.
Според „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania), протестот на ДП се одржува во знак на солидарност и поддршка за протестите предводени од студентите, кои траат веќе 12 дена.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно повика на дијалог, во пресрет на најавените протести на студентите и граѓаните во Тирана и во други албански градови.
Рама објави видео на Фејсбук на кое се гледа камена маса пред неговата канцеларија, на која се поставени хартии со зборот „дијалог“. Во изминатите денови, Рама исто така поставуваше столици и клупи пред својата канцеларија, повикувајќи ги студентите на дијалог, но тие ги одбија неговите покани.
Протести предводени од студенти се одржуваат во Албанија веќе 12 дена. Тие започнаа поради незадоволство од состојбата во образовниот систем, високите трошоци за високо образование и ограничените можности за вработување на младите, но оттогаш прераснаа во пошироки антивладини демонстрации, при што се бара оставка од албанскиот премиер Еди Рама.