СТУДЕНТИ И НАСТАВНИЦИ ГИ ПРЕПЛАВИЈА УЛИЦИТЕ НА АТИНА Засега протестите се мирни

„Од Грција до Франција сакаме јавно и бесплатно образование“ - скандираа демонстрантите пред грчкиот Парламент.

26

Илјадници студенти и наставници денеска протестираа во повеќе грчки градови барајќи повеќе пари за образованието, подобри услови во училиштата и факултетите.

Според податоци на грчката полиција околу 10.000 луѓе, од кои најмногу ученици и студенти мирно протестираа во Атина и нејзините предградијата. Тие изразија солидарност со демонстрантите во Франција и другите европски држави, каде се протестира поради зголемените трошоци за живот и влошените услови во образованието.






„Од Грција до Франција сакаме јавно и бесплатно образование“ – скандираа демонстрантите пред грчкиот Парламент.

Грците со години се соочуваат со бавен раст на платите, високите станарини и се поголемите сметки за енергија.

Поврзани содржини