ЈА НАПАДНАЛ ПОРАНЕШНАТА ПАРТНЕРКА, ПА И ПОЛИЦАЕЦОТ Охриѓанец приведен кај Железничката станица во Скопје

Дваесет и седумгодишниот маж од Охрид бил приведен кај Железничката станица во Скопје. Според пријавата, ја нападнал и ѝ се заканувал на поранешната 28-годишна партнерка, а потоа физички го нападнал и полицаецот кој интервенирал.

107

Дваесет и седумгодишен охриѓанец е лишен од слобода кај Железничката станица во Скопје, откако бил пријавен дека физички ја нападнал поранешната 28-годишна партнерка, ѝ се заканувал, а потоа го нападнал и полицискиот службеник кој дошол да интервенира.

Инцидентот се случил вчера, а полициските службеници од СВР Скопје го привеле Е. С. околу 15:30 часот во близина на Железничката станица.






Според пријавата, 27-годишникот најпрво физички ја нападнал поранешната партнерка и ѝ упатувал закани. Подоцна, кога полициски службеник интервенирал по пријавениот случај, и тој бил физички нападнат.

Мажот бил лишен од слобода, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини