ДОНАЛД Е ВИНОВЕН ЗА СКАПАТА НАФТА, АМА НЕ ПОЛСКИОТ ПРЕМИЕР Доналд Туск го обвини имењакот Трамп за енергетската криза во светот
Обраќајќи им се на членовите на крајно десничарската опозиција во Полска, кои отворено го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп со години, премиерот Доналд Туск рече дека е крајно време да се кажат работите со нивното вистинско име.
Полскиот премиер Доналд Туск денеска на дебатата во Сејмот, долниот дом на полскиот парламент, директно го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за глобалниот пораст на цените на горивата што силно ги погодува и европските граѓани.
Обраќајќи им се на членовите на крајно десничарската опозиција, кои отворено го поддржуваат Трамп со години и го третираат како политички модел, Туск отворено рече дека е крајно време да се кажат работите со нивното вистинско име и да се признае кој навистина го предизвика енергетскиот хаос.
– Имаме цени на горивата кои се меѓу најниските во Европската Унија, всушност најниските во моментов, и покрај очигледниот факт дека сè уште е пеколно скапо за луѓето. Свесен сум за тоа. Мислам дека конечно е време да го кажам тоа гласно, особено за вас. Да, Доналд е одговорен за тоа, нема сомнение за тоа. Но, вашиот херој, а не полскиот премиер. Вие многу добро знаете кој е всушност одговорен за цените на горивата – рече Туск пред парламентот, играјќи со фактот дека има исто име како американскиот лидер.
❗️“The time has come to say it out loud. Donald is responsible for fuel prices,” – Polish Prime Minister Tusk openly accused Trump in the Sejm of the global fuel crisis. https://t.co/NF408mPRZj
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) October 21, 2026
Отворениот повик на Туск доаѓа во услови на нов енергетски шок за глобалната економија, предизвикан од војната на САД со Иран и иранското затворање на Ормускиот Теснец низ кој поминуваше една петтина од глобалната потрошувачка на нафта. Поради блокадите во Персискиот Залив цените на нафтата и нафтените производи на светските берзи скокнаа на рекордни нивоа, што се прелеа и на европските бензински пумпи.
Американскиот претседател ја префрли вината за високите цени на горивата врз Украина и нејзините напади врз руските нафтени постројки.