ВОЕН АВИОН СЕ УРНА ВО ФРАНЦИЈА Остатоците на леталото се лоцирани со дрон

Во Рожевил е воспоставен кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во областа може да биде отежнато.

30

Воен авион во типот „Мираж 2000Д“ доцна синоќа се урна во департманот Мерт и Мозел, во североисточна Франција. Остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.

Еден член на екипажит загина, а друг се води за исчезнат.






Како што соопшти градоначалникот на Пон-а-Мусон, Анри Лемоан, несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа меѓу Нанси и Мец.

Лемоан наведе дека на терен се ангажирани значителни полициски и пожарникарски сили, кои работат на прецизно лоцирање на местото на падот.

Во Рожевил е воспоставен кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во областа може да биде отежнато.

Поврзани содржини