ИВА МИХАИЛОВА Е ПРАВЕН, А НЕ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ Клековски во Софија наишол на разбирање кај колешката Ивкова

Министерот Клековски рече дека по извештајот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) поврзан со случајот со докторот Иван Барбов и неговата пациентка Михаилова, дополнително побарал надзорот да се прошири на здравствените установи каде е третирана во меѓупериодот.

14

Со министерката за здравство на Бугарија Катја Ивкова постигнавме премолчена согласност дека прашањето за Ива Михаилова не е здравствено прашање, туку е прашање од доменот на правдата, рече денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Обвинетата Ива Михаилова, која има и македонско и бугарско државјанство, на 11 октомври избега од Македонија и се наоѓа во Софија, каде што веќе има бугарски адвокат. Против Михаилова во Кочани е во тек судење во кое таа е обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици.






– Постигнавме премолчена согласност дека прашањето со И.М. не е здравствено прашање, туку прашање од доменот на правдата, бидејќи лицето е бегалец од правдата и се бара со меѓународна потерница. Бидејќи е прашање на правдата, а не здравствено прашање, не го разгледувавме. Особено, затоа што во Бугарија во тек се избори и ваквите теми можеа да ја компроимитираат посетата – рече министерот, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на нови 100 амбулантни возила во Скопје.

Клековски вчера беше во Софија, каде со министерката за здравство на Бугарија, Ивкова, го потпишаа Планот за соработка меѓу двете министерства за периодот 2026–2028 година.

Министерот рече дека по извештајот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) поврзан со случајот со докторот Иван Барбов и неговата пациентка Михаилова, дополнително побарал надзорот да се прошири на здравствените установи каде е третирана во меѓупериодот.

– Во основа барав дополнување на извештајот на ДСЗИ, кој беше по иницијатива на Клиниката за неврологија, бидејќи не е следена целата патека и здравствени постапки кои Ива ги имала во здравствените установи во Македонија. Дополнително побарав надзорот да се прошири на една приватна здравствена установа каде што е третирана во меѓупериодот за да добиеме комплетна препорака. Веќе во оваа фаза има констатирани прекршоци и веќе во оваа фаза е побарано стручен надзор за медицинскиот дел од извештајот –  изјави Клекоски.

На 23-годишната Ива Михаилова ѝ се суди за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици за што и се изречени мерки за безбедност, одземање на патните исправи и забрана за патување.

Во несреќата и таа добила тешки повреди на рбетот, поради што бараше да замине на лекување

во Софија, тврдејќи дека во Македонија нема услови за такво лекување. Таа и нејзиниот адвокат на 11 октомври пребегнаа во Бугарија. За бугарските медиуми изјавија дека границата ја преминале преку официјален граничен премин и дека македонските полицајци ги пуштиле да поминат.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека Михаилова не ја напуштила легално Македонија.

Поврзани содржини