УСТНИОТ ДЕЛ ОД ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ СЕ ПОЛАГА ЕДИНСТВЕНО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Владата има јасен став за ова прашање

Во Македонија високо образование на правните факултети се оформува на три различни јазици од македонскиот и за нас како Влада е логично писмениот дел да се полага на тој јазик на кој е формирано образованието, а усмениот дел на македонски јазик, вели премиерот Христијан Мицкоски.

122

Устниот дел од правосудниот испит ќе се полага единствено на македонски јазик, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Ставот на Владата е јасен – правосудниот систем во Македонија е едно, а правото да се завршува високото образоване на мајчин јазик е друго. Никој не го спори правото да се заврши високото образовани на јазик на кој државата овозможила. Во Македонија високо образование на правните факултети се оформува на три различни јазици од македонскиот и за нас како Влада е логично писмениот дел да се полага на тој јазик на кој е формирано образованието, а устмениот дел, каде се симулираат еден граѓански и еден кривичен спор, а тоа е симулација пред правосудниот систем, каде имаме принцип на лингва франка, односно, еден јазик, а во Македонија тој јазик е македонскиот јазик – рече премиерот Мицкоски.






Тој се повика и на препораката на Венецијанската комисија.

– И согласно препораката на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците, кој го донесе претходната влада на начин на кој го донесен, правосудниот систем останува со официјален македонски јазик – рече Мицкоски.

 

Претставници на правните факултети и на студентите вчера беа на средба со министерот за правда Јетон Шасивари, во врска со законските решенија со кои ќе се уреди полагањето правосуден испит. По средбата студентите Албанци рекоа дека не се откажуваат од барањето целиот правосуден испит да го полагаат на албански јазик а, ако тоа не биде прифатено, повторно ќе излезат на протести.

 

„ИЛИ ЦЕЛ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА НА АЛБАНСКИ, ИЛИ ИЗЛЕГУВАМЕ НА УЛИЦА“ Студентите Албанци не го прифатија компромисниот предлог на Шасивари

Поврзани содржини