ВАЖНО ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ТИЕ СО БЕНИФИЦИРАН СТАЖ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ ОД ЕДНА ГОДИНА Треба да се изјаснат дали остануваат членови на задолжителниот пензиски фонд

Доколку не ја завршат законската обврска овие членови на пензиските друштва остануваат само членови на Фондот за ПИОМ.

134

Членовите на задолжителните пензиски фондови (втор пензиски столб) кои оствариле законско право на бенифициран стаж за пензионирање од најмалку една година треба да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителниот пензиски фонд во кој членуваат, соопшти Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Рокот за избор почнува на 20 октомври 2026 година и завршува на 20 јануари 2027 година.






Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство.

-Доколку до 20 јануари 2027 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане, а пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (Фондот на ПИОСМ)  и остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност Фондот на ПИОСМ од каде што ќе го остварат правото на пензија – појаснуваат од МАПАС.

Лицата кои во претходните години доставиле Изјава за продолжување на членство, членството им е продолжено и нема потреба повторно да ја достават нова изјава.

Поврзани содржини