МАЈКА ПРИЈАВИЛА 17-ГОДИШНИК ЗА ОДНОСИ СО НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА Уапсен тинејџер во Кисела Вода

Седумнаесетгодишникот бил лишен од слобода на 18 октомври, откако 45-годишна жена пријавила дека имал сексуални односи со нејзината 14-годишна ќерка. Полицијата ги проверува околностите на случајот.

642

Седумнаесетгодишник од Скопје е лишен од слобода по пријава од мајка на 14-годишно девојче, која тврдела дека малолетникот имал сексуални односи со нејзината ќерка, со која биле во љубовна врска.

Полицијата го уапсила на 18 октомври, околу 15 часот, на подрачјето на скопската општина Кисела Вода, постапувајќи по претходната пријава од 45-годишната жена.






Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за околностите на настанот, ниту дали против 17-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Случајот е во фаза на полициско постапување, а наводите од пријавата треба да бидат проверени од надлежните институции.

Поврзани содржини