3 ПРИЗНАНИЈА ЗА КОРПОРАЦИЈАТА ЗЕГИН НА „БИЗНИС ЛИДЕР“ Наградени резултатите на Зегин, Моја аптека и Зегин фарм
Корпорацијата ЗЕГИН вели дека зад оваа награда стојат посветени вработени и силна визија, а за секоја компанија претставува чест и гордост да биде препознаена како визионерски бизнис лидер чиј, како што велат, извонреден придонес има значително влијание во индустријата.
Корпорацијата Зегин доби три признанија во рамките на проектот „Бизнис лидер“, со кој се истакнуваат деловните резултати и придонесот на македонските компании во економскиот развој. Признанијата се однесуваат на компаниите Зегин ДОО Скопје, Моја аптека Скопје и Зегин фарм Скопје.
„Во време кога здравјето, грижата за себе и квалитетот на животот стануваат сè поважен сегмент од секојдневието на современиот човек, лидерството не се мери само со големината на една компанија, туку и со нејзината способност да ги препознае промените и да одговори на новите потреби на луѓето. Токму во таа насока компанијата Зегин континуирано го гради својот развој, каде во фокусот се достапноста, иновациите, квалитетот и општествената одговорност“, порачува ЗЕГИН.

Проектот „Бизнис лидер“ чиј главен фокус е да им оддаде признание, да ги инспирира и поврзе бизнис лидерите, претприемачите, инвеститорите и иноваторите, и оваа година го прослави успехот на македонските компании кои придонеле за економскиот раст и развој на државата, истакнувајќи ги успешните приказни и нивните достигнувања за изминатава година.

Трите признанија се следните:
ЗЕГИН ДОО Скопје – Прво место во дејноста по остварени вкупни приходи и прво место во дејноста по просечен број на вработени.
МОЈА АПТЕКА Скопје – Прво место во дејноста по остварена вкупна нето добивка и прво место во дејноста по просечен број на вработени.
ЗЕГИН ФАРМ Скопје – Прво место во дејноста по остварени вкупни приходи.
Корпорацијата ЗЕГИН вели дека зад оваа награда стојат посветени вработени и силна визија, а за секоја компанија претставува чест и гордост да биде препознаена како визионерски бизнис лидер чиј, како што велат, извонреден придонес има значително влијание во индустријата.