ВНИМАВАЈТЕ АКО ВО НЕДЕЛА ВОЗИТЕ КОН АЕРОДРОМ На мостот „Близнак“ ќе се затвори една лента

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ ќе ги заменуваат оштетените елементи од пешачката ограда на мостот, а преостанатата лента во насока кон Аеродром ќе биде проодна.

44

Возачите што во недела наутро ќе се движат кон Аеродром треба да внимаваат на изменетиот режим на сообраќај на булеварот Киро Глигоров, кај мостот „Близнак“. На 11 октомври, од 6 до 8 часот, ќе се санира оштетената заштитна пешачка ограда, поради што ќе биде затворена крајната лева сообраќајна лента.

Екипа на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје ќе работи на потегот од крстосницата со улицата Индустриска до крстосницата со булеварот АСНОМ, во насока кон населбата Аеродром.






Од претпријатието информираат дека ќе се заменуваат и монтираат оштетените елементи од оградата на мостот.

– Поради изведбата на работите ќе биде затворена крајната лева сообраќајна лента, која ќе биде обележана со соодветна сообраќајна сигнализација за насочување на учесниците во сообраќајот – соопштуваат од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.

Оттаму посочуваат дека преостанатата сообраќајна лента во истата насока ќе остане слободна за движење.

Од претпријатието апелираат до возачите да бидат трпеливи додека траат работите и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Работите се планирани да завршат до 8 часот наутро, по што се очекува сообраќајот да продолжи без ограничувањето на оваа лента.

Поврзани содржини