БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ФИЛИПЧЕ РАБОТИ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА СОФИЈА Инсистира на уставни промени, молчи за цар Самуил
Венко Фикипче молчи за преместувањето на коските на цар Самуил затоа што со неговиот ментор Зоран Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за коските на Цар Самуил, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
– Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските. Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па сè друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија. Филипче и неговиот ментор Зоран Заев велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во Втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава била создадена благодарение на комунизмот – рече Манасиевски.
Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија, додаде тој.
– Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување – рече Манасиевски.
Замислете на што сè е спремен Филипче за пуста власт да направи, додаде Манасиевски.
– Од Стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија. Затоа, претседателот Христијан Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.