АПЕЛАЦИЈА СМЕТА ДЕКА КРИВИЧЕН НЕ ГИ ЦЕНЕЛ ДОВОЛНО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ АЛЕКСАНДАР ЃОРЧЕВСКИ Дадени се укажувања за исказите на мајката на Вања и на обвинетите

Од Кривичниот суд неодамна информираа дека штом ќе ја добијат пресудата од Апелација веднаш ќе го закажат новото судење за Александар Ѓорчевски. 

167

Пресудата на Апелација Скопје за убиството на Вања Ѓорчевска (14) и на Панче Жежовски е напишана и е испратена во Кривичниот суд, информираше денеска Апелацискиот суд Скопје на брифинг со медиумите.

Со пресудата се потврдени доживотните казни затвор за Љупчо Палевски Палчо, Велобор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, кои Кривичниот суд ги прогласи за виновни за убиствата на Вања и на Панче и за грабнувањето на Вања, извршени во ноември 2023 година, а е укината ослободителната пресуда за таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски и за него предметот е вратен на повторно судење. Таткото Ѓорчевски беше обвинет за помагање на грабнувањето со тоа што, според обвинението, им оддавал информации на киднаперите за тоа кога и каде ќе се движи неговата ќерка, но Кривичниот суд го ослободи од обвинението затоа што ЈО не ја докажа неговата вина.






Од Апелација сметаат дека Кривичниот суд не ги ценел доволно доказите на ЈО против Ѓорчевски.

– Пресудата за Александар Ѓорчевски е укината затоа што недоволно се ценети доказите на Јавното обвинителство и нашата препорака е да се изврши преоценка на доказите, со конкретни укажувања особено на исказите на обвинетите дадени во Јавното обвинителство, а читани пред Судот, исказот на мајката на Вања Ѓорчевска и пораките во вибер-комуникацијата – рекоа судиите од Апелација.

Од Кривичниот суд неодамна информираа дека штом ќе ја добијат пресудата од Апелација веднаш ќе го закажат новото судење за Александар Ѓорчевски.

 

 

Поврзани содржини