🎥 (ШОКАНТНО) ПОЛИЦИСКИ ЏИП ВЛЕТА ВО ТОЛПА ДЕМОНСТРАНТИ! Отворена истрага за инцидент во Данкирк, Франција
Според префектурата Норд, начинот на кој било употребено конкретното возило не бил во согласност со вообичаените правила и насоки за употреба на силата. Според досега објавените информации, во инцидентот нема повредени демонстранти.
Француската полиција отвори дисциплинска истрага откако вчера, 7 октомври, на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како полициски џип со голема брзина се движи кон група средношколци за време на протест во Денкерк, на северот на Франција.
На снимките се гледа како бело полициско возило забрзува кон група млади демонстранти, кои се разбегуваат. Џипот се качува на тротоар, по што се движи наназад и повторно забрзува. Во еден момент удира и поместува канта за отпадоци.
Инцидентот се случил во понеделникот, 5 октомври, во рамките на средношколските блокади во Денкерк. Точниот час кога е снимена сцената не е објавен во достапните извештаи, но настаните околу гимназијата „Вобан“ се одвивале во попладневните часови.
Снимките биле забележани од „Франс 3“, а во текот на вчерашниот ден почнале широко да се шират на социјалните мрежи.
Префектурата на департманот Норд потврди дека полицијата била ангажирана во Денкерк на 5 октомври, во услови на тензии и инциденти поврзани со средношколските протести. Според префектурата, начинот на кој било употребено конкретното возило не бил во согласност со вообичаените правила и насоки за употреба на силата.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нунез вчера потврди дека е отворена дисциплинска истрага.
– Ги видов овие снимки. Во тек е дисциплинска истрага, а издадено е и предупредување. Станува збор за исклучок – изјави Нунез пред Комисијата за закони на францускиот парламент.
Според досега објавените информации, во инцидентот нема повредени демонстранти.
Од полициски извори, пак, е дадена поинаква верзија на настаните. Според извор цитиран од БФМ ТВ, возилото било испратено да достави вода и муниција до полицајците распоредени на протестите. Претходно кон полицајците биле фрлани предмети, а на улицата биле поставени барикади. Според оваа верзија, возилото се движело кон демонстрантите за да ја расчисти блокадата.
Токму околностите под кои возилото било употребено се предмет на истрагата.
Станува збор за „Тојота Ленд крузер“, специјализирано возило што француската полиција го користи, меѓу другото, за операции поврзани со илегални преминувања на Ла Манш. Возилото е прилагодено и за движење по песоклив терен.
Во други снимки што се појавија на интернет се слуша глас кој вели дека полицајците ќе им „влезат во лице“ на демонстрантите, но не е потврдено кому му припаѓа гласот.
Лигата за човекови права во Франција ги оцени снимките како шокантни и соопшти дека собира сведоштва за случајот, со можност да го пријави пред специјалните известувачи на Обединетите нации.
Инцидентот се случува во третата недела од средношколските протести во Франција. Учениците бараат поголеми вложувања во образованието, посочувајќи на недостиг на наставници, пренатрупани училишта и проблеми со училишната инфраструктура.
💬 “On va leur mettre dans la gueule”
À Dunkerque, une voiture de police fonce en direction de manifestants lors d’une mobilisation lycéenne ⤵️ https://t.co/MNdOwfrD1x
— BFM (@BFMTV) October 7, 2026