ПОСЛУЖИЛ МАЛОЛЕТНИК СО АЛКОХОЛ, ПА ТОЈ СЕ СТЕПАЛ Кривична пријава за дебарски угостител

Полицијата го пријави угостителот од Дебар, зашто не ја пријавил тепачката и послужил малолетник со алкохол.

69

Угостител од Дебар е кривично пријавен затоа што послужил алкохол на малолетник, кој подоцна пред локалот учествувал во тепачка и бил повреден.
ОВР Дебар поднесе пријава против Е.С.(25) и против правното лице – угостителскиот објект во негова сопственост, поради сомнение за кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“.
Според МВР, на 25 јуни околу 00:30 часот во угостителскиот објект, Е.С. послужил со алкохолен пијалак малолетник.
Подоцна, пред објектот, малолетникот учествувал во тепачка со друг малолетник и се здобил со телесни повреди.
Според пријавата, угостителот не ја пријавил тепачката.

Поврзани содржини