📽️ ВУЧИЌ ГИ ЗАЛЕПИ НА ГРАДИ „ДИКТАТОР“, „ПСИХОПАТ“ И „ПРЕДАВНИК“ Несекојдневниот предизборен спот завршува со порака

Српскиот претседател во нов предизборен спот ги претвори навредите и обвинувањата од критичарите во лепенки на своето тело. Последната, најголема лепенка носи сосема поинаква порака – „Обединета Србија“.

293

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги залепи на градите зборовите „диктатор“, „психопат“, „предавник“, „монструм“ и други квалификации во нов предизборен спот. Додека зборува пред камерата, лепенките една по една му ги отстрануваат, а на крајот на нивното место се појавува една голема со натпис „Обединета Србија“.

Спотот е изграден токму околу навредите и обвинувањата за кои Вучиќ вели дека со години ги слуша од политичките противници и критичарите.






На снимката тој е во едноставна црна маица, а непознати лица му лепат медицински лепенки на градите.

На нив се испишани „предавник“, „монструм“, „лидер“, „манипулатор“, „психопат“, „диктатор“ и „геноцид“.

„Сето ова може да изгледа како кошмар, но не е. Ова е нашата реалност“, вели Вучиќ во спотот.

 

Тој наведува дека со години слушал навреди, лаги и закани и дека дел од тие зборови го повредиле.

„Некои зборови болат, некои оставаат трага. Но, тие не нè запреа“, порачува Вучиќ.

Според неговата порака, нападите биле дополнителен мотив да продолжи со политичката борба.

„Нè научија да работиме повеќе, да се бориме повеќе и да не се откажуваме од она што најмногу го сакаме – од нашата Србија“, вели тој.

Паралелно со неговото обраќање, лепенките со навредливите квалификации една по една се отстрануваат од неговите гради.

Последната што ја симнуваат е лепенката со натпис „заклучоци“. Потоа на нејзино место се става значително поголема, чиста лепенка со завршната предизборна порака – „Обединета Србија“.

Поврзани содржини