УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во Аеродром, Центар и Кисела Вода

Уапсен е 32-годишен скопјанец осомничен за повеќе тешки кражби на велосипеди. Полицијата пронашла 12 велосипеди од различни локации во Скопје.

88

Полицијата уапси 32-годишен скопјанец во Гази Баба, кој се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди во Скопје.

Станува збор за Ѓ.П. (32), кого полициски службеници го лишиле од слобода на подрачјето на Гази Баба поради постоење основи на сомнение дека украл велосипеди од повеќе локации.






Според полицијата, тој се сомничи дека кражбите ги извршил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода.

Од него биле одземени вкупно 12 велосипеди, кои биле пронајдени на различни локации. Дел од велосипедите веќе им биле вратени на нивните сопственици.

По целосното документирање на случаите, против 32-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини