📽️ ВООРУЖЕН МАЖ ЗАСТРЕЛАН ПРЕД КРАЛСКАТА ПАЛАТА Полицијата интервенирала по дојава за агресивен човек

Полицијата добила дојава за агресивен и вооружен маж во близина на Кралската палата во Стокхолм, по што интервенирала и го застрелала во ногата.

68

Шведската полиција синоќа застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм, откако тој се однесувал агресивно и се заканувал со оружје. Мажот бил пренесен во болница со тешки повреди.

Полицијата околу 18:30 часот добила дојава за „агресивен маж со оружје“ во близина на Кралската палата.

 






При интервенцијата полицајците употребиле огнено оружје и го погодиле мажот во ногата.

Според шведскиот јавен сервис СВТ, мажот бил вооружен со нож.

Засега нема информации за други повредени во инцидентот.

Поврзани содржини