ЈУСТИНА ШИРОКА ПУЛА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОСОВО Со еден глас плус се избегнати нови предвремени избори
Широка Пула, родена во 1953 година, е претседател на Косовската академија на науките и уметностите и професор по економија. Од 2008 до 2011 година, таа ја извршуваше функцијата министер за економија.
Косовскиот парламент ја избра економистката Јустина Широка Пула за претседател, функција што е во голема мера церемонијална, кратко пред крајот на уставниот мандат, со што се избегнати нови предвремени избори.
– Овој мандат не му припаѓа само на едно лице. Тој им припаѓа на нашите граѓани. Јас ќе бидам претседател на сите граѓани – рече Широка Пула по гласањето.
Во парламентот со 120 места, 81 пратеник гласаа за неа во првите минути од денов. Пула е изгласана со еден глас повеќе од потребниот број.
Изборот на Широка Пула следеше по договорот на партијата Самоопределување (ВВ) на косовскиот премиер Албин Курти и опозициската Демократска лига на Косово (ЛДК) за ограничување на овластувањата на Специјалниот суд за Косово во Хаг.
Претседателската функција во Косово е претежно церемонијална, но честопати била извор на политичка нестабилност бидејќи за избор на претседател е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, а партиите имале тешкотии да постигнат договор за кандидат.
Широка Пула, родена во 1953 година, е претседател на Косовската академија на науките и уметностите и професор по економија. Од 2008 до 2011 година, таа ја извршуваше функцијата министер за економија.