ЕДНА ГРЕШКА НЀ ЧИНИ ГОЛ ВО ЛУЦЕРН Македонија игра добро, Швајцарија води на полувреме

Македонија одигра рамноправни 45 минути против фаворитот и имаше свои шанси за водство. Кобна беше грешката на Висар Муслиу во 43. минута, која Фабијан Ридер ја казни за 1-0.

74

Македонија игра далеку подобро од претходните натпревари, но на полувреме губи со 1-0 од Швајцарија во Луцерн. Една грешка во одбраната беше доволна домаќинот да ја казни добрата игра на избраниците на Гоце Седлоски.

Кобниот момент се случи во 43. минута. Езџан Алиоски ја врати топката кон Висар Муслиу, кој не забележа дека зад него е Фабијан Ридер. Швајцарецот ја пресече топката и го совлада Столе Димитриевски за 1-0.






Македонија претходно имаше одлична можност да поведе. Елиф Елмас нафрли, а Андреј Стојчевски остана осамен на пет метри. Неговиот удар со глава заврши сантиметри над голот.

Швајцарија се закани преку Дан Ндоје, но Димитриевски го затвори аголот и одбрани. Македонскиот голман подоцна го запре и Ридер во добра позиција.

Уште една шанса имавме во 35. минута. Енис Барди одлично нафрли од левата страна, а Димитар Митровски шутираше од прва над голот.

Македонија така замина на пауза со минимална негатива, иако во најголемиот дел од првото полувреме играше рамноправно со Швајцарија.

Поврзани содржини