НЕЈМАР ГО ИСПРАТИ МЕСИ ПРЕД ПОСЛЕДНОТО ЗБОГУВАЊЕ „Не е само Аргентина, ти благодари целиот свет!“

Бразилецот му порача на својот голем пријател дека целиот фудбалски свет уживал во него сите овие години. Беше огромна чест да играм против тебе, а уште поголема да пишувам историја покрај тебе, напиша Нејмар.

101

Нејмар испрати емотивна порака до Лионел Меси пред неговиот последен натпревар за Аргентина. Поранешниот соиграч му порача дека благодарноста одамна ги надминала границите на неговата земја.

„Секој што го сака фудбалот уживаше во тебе сите овие години. Денес е твојот последен натпревар во дресот на твојата репрезентација, на твојата земја. Се надевам дека ќе уживаш во секоја секунда и дека сите почести што ќе ги добиеш ќе те направат среќен“, напиша Нејмар.






Најсилната порака ја остави за крајот на збогувањето.

„Не ти благодари само Аргентина, ти благодари целиот свет за сè што направи за фудбалот“, порача бразилскиот ас.

 

Меси и Нејмар со години беа ривали во дресовите на Аргентина и на Бразил. Но, нивното пријателство се градеше токму додека заедно испишуваа фудбалска историја.

Двајцата играа заедно во Барселона, каде што со Луис Суарез го формираа славното трио МСН. Патиштата повторно им се споија во ПСЖ.

Нејмар во пораката се наврати токму на годините поминати покрај Меси.

„Ти благодарам што ме натера уште повеќе да го засакам фудбалот. Беше огромна чест да играм против тебе, а уште поголема да пишувам историја покрај тебе. БЛАГОДАРАМ, Лео Меси“, напиша Нејмар.

Меси вечерва против Бенин на „Монументал“ во Буенос Аирес го игра последниот натпревар за Аргентина. АФА го нарече збогувањето „Последното танго“, а околу 85.000 билети за историската вечер биле распродадени за само час ипол.

Аргентинскиот капитен заминува по 21 година во националниот дрес, со 125 гола на 207 натпревари пред вечерашниот последен настап. За збогувањето е подготвен и специјален небесносин-бел дрес со златни детали, меѓу кои и неговата легендарна „десетка“.

Поврзани содржини