МОТОРЏИЈА УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЕЦ И ПОБЕГНАЛ Не застанал на полицискиот сигнал 

Инцидентот се случил вчера во скопската населба Гази Баба.

34

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 19:30 часот го лишија од слобода М.М. (21) од Скопје, кој се сомничи дека со мотоцикл удрил во полициски службеник во Гази Баба.

Според пријавеното, околу 13:40 часот М.М. не застанал на даден знак за запирање и продолжил да управува со мотоциклот, при што удрил во полицаецот кој извршувал службени дејствија.






По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини