КОЈА ФОТОГРАФИЈА НА ТИФАНИ ТРАМП Е НАПРАВЕНА СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА? Најмладата ќерка на претседателот на САД објави гламурозни фотографии, но Инстаграм ја разоткри

Инстаграм го означи фотоалбумот објавен на профилот на Тифани Трамп како содржина во која е користена вештачка интелигенција, но не откри на која фотографија се однесува ознаката

44

Тифани Трамп објави серија фотографии со моменти од септември, но наместо вниманието да биде насочено само кон нејзините гламурозни изданија и семејните фотографии, следбениците забележаа нешто друго. Инстаграм ја означи целата објава со известување дека станува збор за содржина создадена или изменета со помош на вештачка интелигенција.

На фотографиите 32-годишната Тифани, најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, сподели моменти од изминатиот месец. Меѓу нив има фотографии од нејзиното неодамнешно патување во Индија, семејни моменти со сопругот Мајкл Булос и нивниот 16-месечен син Александар, како и фотографии од свечената вечера во Белата куќа.






На првата фотографија Тифани позира во бела бањарка, со целосно нашминкано лице и руса коса во лежерни бранови. На друга е со синот во Централ парк, облечена во фармерки, кожна јакна и чизми до колена. Во албумот има и неколку фотографии од Индија, каде што семејството престојувало во септември.

Тифани објави и фотографија со својата полусестра Иванка Трамп, направена за време на државната вечера во Белата куќа на 24 септември, приредена во чест на кинескиот претседател Си Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан.

Сепак, најмногу внимание привлече ознаката „AI content“ на Инстаграм. Социјалната мрежа ги извести следбениците дека вештачката интелигенција била употребена при создавањето или уредувањето на најмалку една фотографија од објавата.

Не е познато која фотографија ја активирала ознаката, ниту што точно било променето.

Тифани објавата ја опишала едноставно како „Сцени од септември“, а во неа се најдоа и фотографии од нејзиниот син Александар, кој го доби со сопругот Мајкл Булос во мај 2025 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Trump (@tiffanytrump)

Поврзани содржини