И СО ЕВТАНАЗИЈАТА СЕ ПРЕТЕРА! Побарала да ја усмртат зашто веќе не можела да готви за семејството!?
Нејзиното барање било прифатено од канадските власти, но сепак, по советување од лекарите и семејството, одлучила да не го прекине животот, „барем засега“. Од воведување на евтаназијата во 2006 година во Канада 5 проценти од сите сммртни случаи се досброволни и асистирани.
Врвни канадски лекари предупредуваат на, според нив, пребрзото одобрување на барањата за асистирано умирање во земјата, откако на една постара жена ѝ било одобрено тоа право затоа што ја изгубила способноста да подготвува оброци за своето семејство.
Лекарите Гери Родин и Медлин Ли од Универзитетот во Торонто ги споделија сè поголемите стравувања меѓу здравствените работници во Канада поради растечкиот број случаи во кои се одобрува евтаназија.
Професорите по психијатрија велат дека не се противат на законски дозволената медицинска помош при умирање, но нагласуваат дека канадскиот закон не бара здравствените работници да ги насочат пациентите кон барање алтернативна помош.
Во текст објавен во „Њујорк тајмс“, лекарите велат дека постапката е наменета како „достоинствена“ последна опција, главно за луѓе кои се смртно болни.
„Но, во последните години „премногу луѓе добиваат одобрување за оваа постапка без можност за внимателно размислување за тоа со здравствен работник“, напишаа Родин и Ли.
„Во некои случаи, одобрение добиваат пациенти кои не би требало да го добијат“, додаваат тие, повикувајќи се на сè поголемиот број извештаи за одобрена евтаназија кај пациенти кои како причина ги наведуваат осаменоста или сиромаштијата.
Родин и Ли велат дека виделе како пронаоѓањето алтернативна помош и советување за еден пациент му го спасиле животот во период кога се наоѓал во тешка психичка состојба.
Во еден таков случај станува збор за жена во седумдесеттите години која тешко се справувала со губењето на способноста да готви за своето семејство – нешто на што била особено горда како мајка во семејството.
Кога ѝ било одобрено асистирано умирање, таа им кажала на лекарите дека чувствува оти ја изгубила својата вредност за семејството.
„Преку советувањето, таа сфати дека нејзиното семејство ја цени поради тоа која е, а не поради она што го прави за нив“, велат лекарите од Торонто.
„Одлучи да не го прекине животот, барем засега. Тој Божиќ, семејството се собра, а таа гордо седеше на масата додека другите готвеа и послужуваа.“
Родин и Ли велат дека лесното одобрување на евтаназијата, како и фактот што во многу случаи пациентите бараат асистирано умирање затоа што можеби чувствуваат дека немаат друга опција, создало дилема во медицинската професија.
Коренот на сè поголемата загриженост, според нив, лежи во промената на законот во 2021 година, кога Парламентот го отстрани условот за предвидлива смрт.
Програмата за асистирано умирање во Канада започна во 2016 година, со строг услов постапката да биде одобрена само во случај на „разумно предвидлива“ природна смрт – како, на пример, кај терминален карцином.
Во такви случаи, пациентите можат да ја побараат постапката по забрзана процедура.
Лекарите наведуваат и друг случај, на пациент во триесеттите години кој бил примен во нивната единица за палијативна нега, наменета за контролирање на симптомите и обезбедување удобност и грижа за луѓе со сериозни или животно ограничувачки заболувања.
„Благодарение на постапката, тој можеше да избере да умре пред неговата состојба дополнително да се влоши и потенцијално да ја изгуби способноста за комуникација“, велат тие.
„Се прости со сите што ги сакаше, вклучително и со својот петгодишен син, а почина со сопругата покрај него и со музички терапевт кој ја пееше „Алелуја“ на Леонард Коен.“
Сепак, Родин и Ли велат дека канадскиот систем сега е „еден од најлибералните во светот“, бидејќи дозволува асистирано умирање за речиси секоја форма на субјективно неподносливо страдање што има медицинска основа, па дури и за физички симптоми чија медицинска причина не може да се објасни.
Според лекарите, постапката сега сочинува повеќе од пет отсто од сите смртни случаи во Канада.
Родин и Ли нагласуваат дека нивниот став не е против асистираното умирање и дека не сметаат оти психијатриските проценки треба да бидат „автоматска процедура“, но веруваат дека дополнително советување и „разговори за преиспитување“ треба да бидат дел од одлуката на лекарот за одобрување.
„Смртта не смее да стане единствениот вид олеснување што луѓето можат да си го замислат.“