ТРАМП НА СИТЕ АМЕРИКАНЦИ ЌЕ ИМ ДАДЕ ПО 5.000 ДОЛАРИ Парите ќе се делат ако победат републиканците на изборите за Конгресот
Доколку републиканците го освојат мнозинството во Претставничкиот дом и во Сенатот на среднорочните избори во 2026 година, на секој возрасен граѓанин на САД ќе му дадам 5.000 долари, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека на секој возрасен граѓанин на САД ќе му даде по 5.000 долари доколку републиканците победат на претстојните среднорочни избори.
„Доколку републиканците го освојат мнозинството во Претставничкиот дом и во Сенатот на среднорочните избори во 2026 година, на секој возрасен граѓанин на САД ќе му дадам 5.000 долари“, објави Трамп на социјалната мрежа Трут соушл, додавајќи дека со нетрпение очекува да ги потпише тие чекови.
Американскиот претседател редовно најавуваше помош од 5.000 долари за Американците, а во саботата изјави дека неговата администрација ќе почне да испраќа чекови од по речиси 100 долари до повеќе од 20 милиони пензионери, за да им помогне да платат за федералната програма за здравствено осигурување во САД, која се исплаќа месечно, за да се одржи активното здравствено осигурување.